Во Словенија регистриран бразилски сој

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

После британскиот и јужноафриканскиот, во Словенија е потврден и бразилскиот сој на коронавирус, кој е регистриран кај една фамилија во Марибор.

Инфекција со тој вирус е потврдена кај три лица од една фамилија, рече на прес-конференција инфектологот Мареја Логар, кој го води стручниот совет за ковид-19 на министерството за здравство.

„Се надевам дека увезениот случај без големо ширење, а зараза со тој сој не сме утврдиле кај други лица“, рече Логар.

Се претпоставува дека едниот член на фамилијата се заразил на работното место, а работи во фирма која комуницира со странски клиенти. Тој е хоспитализиран, додека другите два члена на семејството се во домашна изолација.