Во Србија нови 7 случаи на коронавирус, во Хрватска новозаболени 10 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Србија регистрирани се нови 7 случаи на коронавирусот, и сега бројот на вкупно заразени изнесува 97 лица. Кај нашиот северен сосед биле тестирани 46 лица, од кои се покажало дека 7 се позитивни на вирусот.

Расте бројот на заразени и во Хрватска. Таму до утринава до 8 часот регистрирани се 10 нови случаи, по што бројот се искачи на 99 лица.