Во Србија почна да се произведува вакцината „Спутник В“, ќе се извезува во државите од регионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На институтот „Торлак“ во Србија, почна производство на вакцината „Спутник В“ против коронавирус. Таа во иднина ќе може да се извезува во државите од регионот, пренесува Б92.

„Рускиот фонд за директни инвестиции за вирусологија и вакцина „Торлак“, ојавуваат дека е почнато производство на руската вакцина против коронавирусот „Спутник В“ во Србија. Со ова Србија стана прва држава во јужна Европа која ќе произведува вакцина. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, соопштуваат од Фондот.

Фондот пренесува дека во иднина Србија ќе ја користи за себе и ќе може да ја извезува во земјите од нејзиното опкружување.