Во среда повторно ќе се гласа на седум избирачки места – Управен суд ги отфрли тужбите на Европски фронт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управниот суд синоќа ги отфрли како неосновани сите седум тужби поднесени од коалицијата „Европски фронт“, против одлуките на Државната изборна комисија за прегласување на седум избирачки места за парламентарните избори 2024 година. Со ова одлука на Управниот суд се потврдуваат одлуките на ДИК за прегласување во шест избирачки места во изборната ИЕ5 и едно во ИЕ 6. По овие одлуки на Управниот суд, ДИК сега мора повторно да организира избори во сите седум избирачки места, кои ќе се одржат во среда, 22 мај.

Од коалицијата ВРЕДИ ја поздравуваат одлуката на Управен Суд, велејќи дека оваа одлука е согласно волјата на граѓаните. Иако трката за еден мандат повеќе за ВРЕДИ на гласачкото место 2101 во Желино, ги повикаа граѓаните масовно да излезат да гласаат.

„Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат“, вели Вреди.

Од друга друга страна, поради одлуката на Управен суд се собра раководството на ДУИ во Мала Речица. Пред да почне состанокот, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, рече дека тоа што се случува претставува политичка акробација, договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

„Не е прашање тука дали ќе изгуби или добие Европскиот фронт два мандата. ЕФ победи на изборите на 8 мај 2024. Победата на ЕФ е испечатена на 8 мај. Сите политички акробации, тајни договори по подрумите се неприфатливи и штетни бидејќи претставуваат одење чекор назад. Не треба да се толерира никакво наназадување но сите страни треба да влијаат. Ние ги знаеме сите детали на договорите по црвените подруми, политички договори и во иднина ќе излеземе со детали за сите договори кои ќе ги објавиме во јавноста“, вели Али Ахмети.

ДИК денеска ги потврди мандатите на пратениците врз основа на резултатите од изборите на 8 мај, а доколку евентуално има некаква промена, другите евентуални пратеници ќе ги објават со посебен заклучок.

На гласачкото место 2101 во Желино, коалицијата ВРЕДИ освои 332 гласа, а Европскиот фронт 134. Но, коалицијата ВРЕДИ очекува овој резултат да биде уште подобар на изборите на 22 мај, а во таква ситуација, пратеник на Европскиот фронт преминува на коалицијата ВРЕДИ. Европскиот фронт може да изгуби уште еден пратеник во ИЕ5, а тој пратеник ќе го земе или ВМРО или СДСМ. Во ИЕ5 ќе се прегласува во шест избирачки места и тоа в.в1194 и 1202 во Крушево, 1470 и 1470/1 во Долнени, 1844 во Струга и 1272 во Охрид.

Според првичните резултати од парламентарните избори, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освоила 58 пратеници, Европскиот фронт 19 пратеници, коалицијата предводена од СДСМ 18 пратеници, коалицијата ВРЕДИ 13 пратеници, додека Левица и Движењето ЗНАМ по 6 пратеници.