Во тек истрага за синоќешниот напад на полицаец во Атина – уапсени две лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две лица се веќе уапсени, а истрагата е во тек за пронаоѓање и на останатите сторители осомничени за нападот врз полицаецот, кој беше потешко повреден за време на синоќешните протести во атинската населба Неа Смирни, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, денеска е уапсен главниот осомничен кој го турнал полицаецот од моторот на кој се превезуваше на совозачкото место, по што беше и брутално претепан.

Второто лице осомничено за истиот инцидент е меѓу 16-те лица кои беа уапсени вчера.

Медиумите во Грција објавија дека зад синоќешните инциденти не се анархистите, туку хулигани, поврзани со различни атински спортски клубови.