Во тек потера по напаѓачот во Лозница – објавена и фотографија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во тек е потера по напаѓачот кој синоќа 55 минути по полноќ го уби полицаецот Никола Крсмановиќ и тешко го рани неговиот колега Вјекослав Илиќ.

На местото на настанот се испратени силни полициски сили, меѓу кои и одред на Жандармеријата од Нови Сад.

Престрелката се случила 55 минути по полноќ на контролниот пункт во Липнички Шор кај Лозница. Двајца полицајци запреле такси возило со тутински регистрации, што им изгледало сомнително и во кое имало двајца мажи.

Кога полицајците побарале еден од нив да ја отвори чантата и да покаже што има внатре, тој извадил пиштол и пукал во нив.

Крсмановиќ бил застрелан во градниот кош, а Илиќ во рамото.

Напаѓачите побегнале од местото на пукањето и по нив се води потера.

Од здобиените повреди Крсмановиќ починал во болницата во Лозница.

На местото на пукањето, пронајдени се документи за кои се претпоставува дека му припаѓаат на напаѓачот, кој е идентификуван како косовски државјанин со иницијали А.Х..

Полицијата пронашла патна исправа од Косово и германска лична карта.