Во тешка сообраќајна незгода во тетовско загина мотоциклист

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вчера (13 јули) во 23 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Палатица- с.Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.И.(23) oд Желино, Тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(33) од с.Палатица.

По незгодата мотоциклистот бил пренесен во Клиничката болница Тетово, каде што починал. Извршен бил увид на местото на несреќата од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, додека по наредба на обвинителот Г.И. лишен е од слобода и задржан за целосно расчистување на случајот.