Ова е Тетово денеска. Четврток, пазарен ден е, а повеќето граѓани како што се гледа не ги почитуваат препорачаните мерки за Ковид-19. Повеќето анкетирани граѓани се против изолација за време на празникот Бајрам. Некои пандемијата Ковид-19 ја нарекоа измислица, а изолацијата ја гледаат како претерана мерка.
Анкета:
-Дома не се затвораме, ќе излезам надвор, нема вирус, ова се лаги, ова не е од Алах туку од луѓето.
-Да излезам, зошто да седам дома.
-Да излеземе, но треба да ги спроведеме правилата како што треба.
-Старите велат каде е мнозинството таму треба да се упатиме, и овде додека населението е на нозе, сериозно треба да и пристапиме на оваа тема.
Епидемиологот Наим Скендери од ИЈЗ вели дека во Тетово не се почитуваат мерките кои Владата постојано ги препорачува.
„Во Тетово и околината за жал бројот од ден на ден расте и тоа е резултат на непочитувањето на мерките од МЗ, а претходно и од ИЈЗ“, вели Наим Скендери.
Епидемиологот Скендери вели дека само денеска во градот има 10 нови случаи, а повеќето од нив се предизвикани од контакти со други заразени лица. Со вкупно 167 саразени лица, Тетово е на четвртото место на листата најпогодени градови во Македонија.
