Во близина на градинката Младост во Тетово се подготвува отворање на гигантско казино во објектот на поранешната фабрика Тетекс.
Ова гигантско казино се отвора во близина на градинка во Тетово иако затворање на казината во близина на школите и градинките беше побарано и на протести, но традицијата продолжува.
Од движење против коцкање апелираат до сите институции, да преземат мерки и да се спречи отворањето на ова казино.
„Ние од Движење против коцкање остро го осудуваме отворањето на казино покрај детската градинка. Продолжуваме да апелираме, од градоначалникот на Тетово до министерот и премиерот да ја запрат оваа хаотична ситуација во Тетово. Ни фалеше уште едно казино, децата од градинката да гледаат во казина, коцка и злото во Тетово“, вели Јуши Емерлаху од движењето Против коцкање.
Според Емерлаху следниве денови ќе има и протест токму со таа цел.
-Ќе организираме и се подготвуваме за организација за ова казино пред градинката за да го спречиме ова зло, вели тој.
Со актуелниот закон кој е на сила, објектите за игри на среќа треба да бидат 200 метри оддалечени од објекти со јавен карактер, и според Движење против коцкање ова до сега не с е почитувало. Пред неколку години било спречено отворање казино во близина на Тетовскиот универзитет токму од Движење против коцкање.
