Во Црна Гора во текот на денешниот ден нема регистрирано случај со заразени со коронавирусот. Во оваа земја досега се потврдени 303 случаи со Ковид-19.
Во последните 24 часа, направени се само 31 тест. Во моментов хоспитализирани се 34 заразени, од кои 17 се во Клиничкиот центар во Црна Гора во Подгорица. Излечени се 55 лица.
