Кадар има но платите се многу мали. Велат студентите од областа туризам.
Еден од овие студенти е и Игор Пешевски кој вели дека со оваа професија тешко се преживува во земјава.
Пешевски вели дека ниските плати се причина зошто младите ги пакуваат куферите и си одат од земјава.
Ова го потврдува фактот што многу готвачи, шанкери и келнери, особено преку лето, заминуваат во Хрватска и други земји за да работат таму, бидејќи платите се двојно повисоки.
Додека работниците си одат од земјава за поголема плата, во угостителскиот сектор во земјава недостига кадар и угостителите тешко наоѓаат работници, особено во летната сезона.
