6 илјади граѓани со државјанство на Северна Македонија живеат во Турција. Вака изјави во Клик Плус Бурхан Јакупи, еден од доброволците кои им помагаат на иселениците во дијаспората да се попишат. До сега во Турција се попишале 1133 граѓани. Јакупи вели дека повеќето од овие граѓани кои живеат во Турција при пописот се декларирале како Турци.
„Некаде околу 6 илјади треба да се со државјанство на Македонија а живеат во Турција. За жал, да речам, некои здруженија кои успеаја пред нас, направија грешка или како да го наречам тоа не знам, тие што ја направија апликацијата ги запишале како Турци а не како Албанци од причина што не знаеле или не ги знам нивните цели“, рече Јакупи.
Јасмина Георгиева од Државниот завод за статистика кажа во кои земји од Европа се попишуваат најмногу граѓани.
Премиерот Заев апелираше до сите граѓани од земјава да се попишат, бидејќи, како што рече, според статистиките на пописот ќе се креираат политиките и од пописот зависи и развојот на општините и иднината на земјава.
Заев рече дека доколку во некоја општина инфекцијата е поголема, таму пописот може да се одложи за 14 дена, но како што додаде, треба да се спроведе и нема враќање. Според статистиките денеска се самопопишале 137.111 иселеници кои живеат и работат во дијаспората.
