Во Унгарија пронајдена бомба од Втората светска војна тешка 100 килограми

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бомба од Втората светска војна тешка 100 килограми е пронајдена утрово на градилиште во Мишколц, во северна Унгарија.

Ова за МТИ го соопшти службеникот за врска на единицата за отстранување бомби при унгарската армија и додаде дека станува збор за бомба произведена во Советскиот сојуз.

Експертите за експлозиви, додаде тој, утврдиле дека бомбата има детонатор, кој мора да се отстрани од тоа место.

Наложена е евакуација на сите жители кои живеат во радиус од 200 метри од локацијата.