Во Унгарија се одржа натпреварување во „носење на сопругата на грб“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Околу 40 мажи од Унгарија со жените на грбот, вчера се натпреварувале на непристапен терен на второто национално натпреварување на носење на сопруга.

Претходната трка во октомври привлече само десетина парови.

„Излеговме од тешкиот период поради коронавирусот, и потребно е да се забавуваме на отворено“, рече организаторот на трката.

Во јануари почнале подготовите за организација на натпреварувањето за кое се вели дека датира од добата на Викинзите.

Во модерното доба традиционално носење на сопругите се одржува во Финска, уште од 90-тите години.