Во Ваксинце повторно мигранти, иако границите се затворени, преку Македонија патуваат кон Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ја поминале ноќа на ова место. Сега се подготвуваат да ја продолжат нивната рута кон европските земји. Земаа ќебиња и чанти и го почнаа нивното патување.

-Ова е планината на Ваксинце. На оваа планина и во време на пандемија, мигрантите кои ја минуваат планината за да стигнат до Србија, продолжуваат да се движат-јавува репортерот на ТВ21.

Тука сретнавме неколку мигранти каде нема никаква хигиена, а немаат ниту маски, ниту ракавици. Тие откако нѐ видоа си заминаа и почнаа да се искачуваат по планината.

Обично станува збор за млади луѓе…

Тие за да избегаат од војната на Блискиот исток, се одлучиле за предизвикот – одење пеш до побезбедно место во Европа. Целта на мигрантите не е да останат во Македонија, па затоа земјата ја користат само за транзит. Во селото Ваксинце сретнавме мигрант од Пакистан, кој открива дека неговата крајна дестинација е Италија.

-Јас сум од Пакистан.
-Ќе одам во Србија.
-Дојдов од Грција.
-Јас ќе одам во Италија.

Останатите мигранти одбија да говорат пред камера, и побрзаа кон планината. Иако границите на Македонија се затворени поради пандемијата, сепак тука во планинските предели на Ваксинце редовно минуваат мигранти кои се стремат да стигнат во Србија. ТВ21 неколкупати известуваше за нивните предизвици, особено во текот на зимскиот период кога временските услови се претвораат во најголем непријател на мигрантите.