Во време на пандемија и криза – со кредит од 4 милиони евра ЈП Комунална хигиена купува нови возила

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со кредит од околу четири милиони евра Јавното претпријатие комунална хигиена Скопје ќе го обновува возниот парк .

По десет години со 47 специјални комунални возила како метларки, специјални возила за собирање и складирање отпад, автоцистерни.

ТВ21 прашува дали е неопходно во време на пандемија, кога недостасуваат амбулантни и противпожарни возила, да се зема кредит за обнова на возниот парк на јавното претпријатие Комунална хигиена.

Одговор на ова добивме од портпаролката.

„Јавното претпријатие комунална хигиена Скопје, од почетокот на пандемијата работеше со двојно зголемен обем на активности на терен. Ние спроведувавме машинско миење на сите поголеми улици што се во надлежност на претпријатието секојдневно, рачно беа миени најфрекфентните јавни површини во градот Скопје, Клиничкиот центар, Старата скопска чаршија, на сите детски игралишта во сите скопски општини“, истакна Ана Марија Бранѓолица.

Таа додава дека тендерот бил распишан пред пандемијата, а кредитното задолжување не е на товар на буџетот туку со самофинансирање.

Одлуката за кредитното задолжување поминала кај Управниот одбор на ЈПКС, а била усвоена и од Советот на Град Скопје. Првите нарачани возила ќе стигнат во мај.

ЈКПС ја одржува хигиената на 6 милиони квадратани метри седум дена во неделата во три смени. Еден од проблемите со кој се соочува ова претпријатие е опожарувањето на новите контејнери. Само минатата година биле запалени 50 контејнери, а од почетокот на годинава четири, кои веднаш се заменети со нови, што претставува голама финанасиска штета.

Колку за споредба пред само неколку дена Општина Чаир купи две амбулантни возила за превоз на пациенти кои ги донираше на Здравствен дом Скопје, а кои чинеа нешто повеќе од 40 илјади евра.