Проф. Д-р Петар Атанасов во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека во вторник ќе има Сенат во најстариот реномиран универзитет „Св. Кирил и Методиј“, по што ќе излезат во јавноста со став како Универзитет, по одлуката на Владата универзитет од Бугарија со ист назив да добие одобрение да врши високообразовна дејност во Северна Македонија.
„Во вторник имаме Сенат, се надевам дека Ректорот ќе ги изложи своите ставови, а Сенатото ќе ги разгледа, по што ќе излеземе во јавноста со став како Универзитет“, истакна Атанасов.
