Причините за несреќата се уште се истражуваат, но се шпекулира дека на возачот заспал или му се слошило и излетал од патот. Се истражува дали заштитната ограда покрај пругата била соодветна.
Конзулатот на Република Хрватска во Италија потврди дека во автобусот што вчера излета од мостот во Местре пред Венеција имало двајца Хрвати. Вкупно 21 лице загина, а 15 се повредени. По некои се уште се трага.
Еден од хрватските државјани моментално е згрижен во болница, на интензивно лекување, додека по неговата сопруга се уште се трага.
Причината за несреќата не е позната
Слободна Далмација објави дека се работи за млад пар од Далмација кој заминал на свадбено патување. Според истите извори, тие се венчале пред околу 20 дена.
Засега не е познато зошто автобусот излетал од патот и паднал во провалија, во близина на железничката пруга и се запалил. Се поставува прашањето дали заштитната ограда покрај пругата била соодветна, а се шпекулира дека возачот изгубил контрола бидејќи заспал или му се слошило.
