Управата за извршување на санкции информира дека во Казнено-поправната установа Затвор Струмица денес започнале подготовките за претстојната зима.
Како дел од активностите, осудениците и вработените подготвија зимница од сопствено производство. Во првата фаза биле ставени корнишони во стерилизирани тегли, со вкупна количина од 250 килограми.
Од Управата нагласуваат дека процесот се одвива со полн елан и внимание на секој детал, а ваквите активности се дел од редовните програми за подобрување на условите во установите и корисна ангажираност на осудените лица.
