Министерот Венко Филипче, денеска ја соопшти бројката на вакцинирани лица во земјава, како и бројот на оние кои примиле и втора доза на вакцина.
„Како ќе доаѓаат вакцините, ќе бидат распределени низ градовите во земјава, за што поголем број граѓани добијат вакцина. Близу 104 илјади граѓани се вакцинирани, од кои околу 24 илјади вакцинирани и ревакцинирани. Сметам дека имаме добра динамика“, рече Филипче и уште еднаш апелираше до граѓаните да се пријават за вакцинација.
„Уште еднаш упатувам апел до граѓаните да се вакцинираат. Само така ќе можеме да ставиме крај на оваа пандемија“, рече Филипче.
