Ова видео од Гинекологија во Тетово во текот а вчерашниот ден одеше во живо на Тик ток, загрозувајќи ја приватноста на пациентките. Видеото го снимил анестезиологот кој бил смена.
ТВ21 веднаш го контактираше лекарот кој се појавува на видеото, но одговор не добивме. Потоа го прашавме и директорот Пелумб Вела кој рече дека во моментот оди во полиција за да го пријави случајот. Неколку минути по полноќ полицијата го уапсила лекарот В.Д..
-Околу 23 часот и 40 минути, припадници на СВР привеле 43-годишно лице од село Одер со иницијали В.Д., кој бил пријавен од директорот на клиничката болница во Тетово, П.В. дека истиот во работно време во породилната сала во гинеколошкото одделение во клиничката болница во Тетово снимал и пуштил видео во живо при преземање мерки од страна на медицинскиот персонал-рече Фатмир Реџепи од СВР Тетово.
Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска попладне заедно со директорот на болницата Пелумб Вела се појавија пред медиумите за да кажат дека лекарот е отпуштен од работа.
-Изразувам жалење за синоќешниот случај во тетовската болница. Сакам да ве информирам дека јас како директор го пријавив случајот во полициска станица. Во разговор со министерот, јас и организациониот директор донесовме одлука за престанок на работниот однос на ова лице, бидејќи има повеќе прекршоци во работното време“, изјави Пелумб Вела.
-Од синоќа јас и директорот Пелумб Вела сме во постојана координација откако разбравме за случајот. Ме барал и началникот на тетовската полиција, ми рекоа дека докторот бил уапсен во тој момент. Многу ми е жал за овој случај и нема да дозволиме вакви случаи да се повторат.“, рече Фатмир Меџити.
-Какви мерки ќе преземе министерството за да не се повтори ова?
-Лекарите се свесни, има закони.
-Новинар: Ама не се?
-Не се, но ќе бидат санкционирани. Не можеме да предвидиме, тука ќе бидеме. Ќе ги санкционираме на најригорозен можен начин.
Во полициската станица биле повикани и други лица кои се гледале на видеото за да дадат исказ.
