ВО ЖИВО: Радев слета во Скопје, со Пендаровски заедно ќе патуваат во Рим на чествување на Св. Кирил и Методиј

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот Стево Пендаровски, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје оствари средба со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, по што двајцата претседатели со државниот авион на Република Бугарија ќе заминат во посета на Италијанската Република и Светата Столица.

По пристигнувањето во Рим, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.