ВО ЖИВО: Пресретнување на Јупитер и Сатурн првпат од 17. век

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Проследете го во живо меѓусебното доближување на Јупитер и Сатурн кое е видливо од Земјата, првпат од 17. век.

Последен пат беше можно да се види „средбата“ на Јупитер и Сатурн насекаде од Земјата, во јули 1623 година. Меѓутоа, во тоа време било речиси невозможно да се види пристапот поради близината на таа точка до положбата на Сонцето.

Претходно, конјукцијата била видлива во март 1226 година. Следното приближување видливо од Земјата се очекува на 15 март 2080 година.