Сексуалните работници со перформанс во Универзална сала – црвени чадори наместо црвени фенери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Годинава сексуалните работници наместо традионалниот марш, одржуваат перформанс во Универзалната сала.

Годинашнава кампања е насловена како „Ние“, и предводена од Граѓанската иницијатива за заштита, промоција и унапредување на правата на сексуалните работници „Стар-Стар“.

На тој начин денеска се одбележува Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници.

Преносот може да го следите на Фејсбук страната на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција МАРГИНИ.