Водата на Охридско езеро чиста – апел за максимално внимание за тие кои не знаат да пливаат

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Водата на Охридско езеро е чиста за пливање покажуваат анализите на ЦЈЗ. Велат дека водата на езерото главно е од првата категорија, тука не се опфатени неколку локации каде водата е од втората категорија. Температурата на водата е 22 до 23 степени во длабочина од 2 метри.

Од Црвен Крст препорачуваат сите тие кои влегуваат да пливаат, треба да ги почитуваат неколкуте правила за да не дојде до трагедија. Прво треба да користат сигурни делови за пливање, таму каде има опрема и места каде има поставени табли и спасувачи.

Центарот за јавно здравје вообичаено пред почетокот на туристичката сезона го контролира квалитетот на водата на Охридското езеро, од Свети наум до Радожда, и квалитетот на Црн Дрим и Дебарско езеро. Во неколку локации, посебно на северозападниот дел на езерото понекогаш ситуацијата е покритична во врска со квалитетот на водата и се влошува кога пумпните станици на колекторскиот систем поради тоа што се стари не работат со полн капацитет.