Претставници на Централниот кризен штаб наздравија со вода од оваа чешма за да им покажат на гостиварчани дека водата е безбедна за пиење. Но, колку навистина ѝ веруваат? Денеска спроведовме анкета во Гостивар, а граѓаните ни велат дека сè уште се плашат да пијат вода од чешма, извести новинарот на ТВ21, Сенат Зилбехари.
„Не, не ја користам. Многу ретко ја користам. На пример, кога пијам кафе, користам флаширана вода, газирана или негазирана.“
„Јас лично не пијам. Не сега, одреден период. До кога, не знам. Треба повторно да се провери, да видиме како ќе биде. А потоа, по 10-15 дена, зависи… Се плашиме, видовте што се случи. Еден месец носевме вода во гајби, само вие знаете како се снаоѓавме на оваа жештина. Некои од селата доаѓаа тука да полнат вода. Дали и таму е исправна, Господ знае. Но, се снаоѓавме како што можевме…“
„Не знам, богами, сега не можам да пијам. Сега немам доверба. Можеби сега може да се пие, но овие денови не.
– Дали се плашиш?
– Да. Слушај, ти си поупатен од мене, денес веќе не се верува. Треба да бидеш сигурен во тоа.“
„Секој човек се плаши, секој си има свое мислење. Но јас лично не се плашам. На пример, општината кажа дека водата е исправна… Мислам дека наша должност е да преземеме одговорност. Тие ја користеа водата пред нас, па можеме да ја користиме и ние како граѓани на овој град.“
„Секој човек се плаши на свој начин… според своето размислување. Но јас лично не се плашам. На пример, општината кажа дека водата е исправна… Мислам дека наша должност е да преземеме одговорност. Тие ја користеа пред нас, па можеме да ја користиме и ние како граѓани на овој град.“
„Не пиеме, не пиеме, сè уште не сум почнал.“
Вчера претставници на Централниот и Локалниот кризен штаб дадоа зелено светло водата во Гостивар да може да се користи за пиење. За да ги уверат граѓаните, тие наздравија со вода од чешма во близина на Општина Гостивар.
