Забранета е водата за пиење во Демир Капија, информираа попладнево од јавното комунално претпријатие „Бошава”. Оттаму известија дека водата од водоводот се забранува за пиење и подготвување на храна.
Како што информираат, анализите на примероците земени во понеделникот и вторникот од истото мерно место, дале различни резултати. Дополнуваат и дека поради различните резултати, в понеделник ќе биде извршена супер анализа.
Според јавното комунално претпријатие „Бошава”, забраната ќе важи до добивањето на конечните резултати од супер анализата.

