Војската останува во Гостивар, помошта продолжува без временско ограничување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар онолку долго колку што ќе има потреба, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој изјави дека капацитетите на Армијата, вклучително и цистерните и опремата за снабдување со техничка вода, остануваат на располагање на граѓаните. Според него, поддршката ќе продолжи согласно проценките на надлежните институции и потребите на терен. Мисајловски нагласи дека приоритет во овој момент е обезбедувањето на потребната помош за жителите на Гостивар, додека обемот на ангажманот на Армијата ќе се одредува во зависност од состојбата.

„Во Гостивар ќе останеме како Армија за да обезбедиме дополнителна техничка вода. Нашите капацитети, цистерните и различната опрема се ставени на располагање и ќе бидеме таму онолку долго колку што ќе биде потребно. Иако веќе има техничка вода, ќе постапуваме согласно проценките на Управувачкиот комитет и потребите на граѓаните. Нема временско ограничување – ќе останеме сè додека има потреба од нас.“, рече Владо Мисајловски.