Се прави последна контрола на гумите. Контролата се прави пред да дојде министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, која ќе соопшти дека амбулантните возила на Армијата ќе бидат на располагање на болничките служби во борбата против вирусот.
Министерот за здравство, Венко Филипче дојде заедно со министерката за одбрана. Тој вели дека оваа помош што ја нуди Министерството за одбрана беше неопходна бидејќи некои на некои од пациентите им е потребен брз транспорт до болница.
Министерот Филипче истакна дека во моментов има доволно персонал, а се прават консултации за тоа дали медицинските сестри од 4 година во средното медицинско училиште можат да го поминат практичниот дел во ковид центрите.
