Војската во Шпанија пронајде напуштени лица во пензионерски домови, некои од нив мртви

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шпански војници пронајдоа напуштени стари лица, некои мртви во креветите во старечки домови погодени од епидемијата на коронавирус, објави тамошниот министер за одбрана.

„Ние ќе бидеме немилосрдни и непопустливи за начинот на кој се постапувасо старите луѓе во домовите“, рече министерката за одбрана Маргарита Роблес за Телесинко Телевизија.

„Војската видела напуштени стари лица за време на посетите, некои дури и мртви во кревети“, рече таа.

Војската имала задача да им помогне на старечки домови, бидејќи десетици смртни случаи се пријавени во неколку домови, особено во Мадрид и централна Шпанија.