Волонтерите на Црвен крст во Дебар денеска услужиле пет, од почетокот на кризната состојба повеќе од 70 лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Дебар за време на полицискиот час, како во работните денови така и за викендов во служба на граѓаните кои имаат потреба од набавка на неопходни намирници и лекови се волонтерите на Црвен крст.

Тоа, врз основа на донесената одлука, од страна на општинскиот Оперативен штаб, кој во истовреме направи и распоред на маркетити кои ќе работат за време на перидот на ограничено движење од вчера во 13:00 до понеделник во 5:00 часот.

Во текот на денешниот ден работи „Мега маркет“, додека утре „Даши комерц“.

– Денес до 14:00 часот на нашиот телефон 071-223-990 се јавија пет лица, кои нашите волонтери ги услужија. Тие веднаш ја преземат нарачката, одат да ги набават
потребните нешта и ги доставуваат до  домот на граѓанинот а плаќењето се врши на рака, врз основа на фискалната сметка, изјави Исни Телќиу, секретар на дебарскиот Црвен
крст.

Додава дека по прогласувањето на кризна состојба, на 13 март, волонтерите услужиле повеќе од 70 повозрасни и изнемоштени лица, како во градот така во селата, главно
Долно Косоврасти, Гари, Осој и Тресонче.

Жителите на Дебар и понатаму строго ја почитуваат одлуката за ограничено движење. Десет дена не е забележано непочитувања на забраната за движење, не се регистрирани
собирања на граѓани, нарушувања на јавниот ред и мир и сообраќајни незгоди.