Владата ги задолжи Пазарната инспекција и Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) да направи увид и контрола на залихите на заштитните средства за заштита од пренесувањето на вирусот во аптеките и доколку утврди неосновано покачување на цените да преземе мерки соодветно за законските прописи и овластувања.
ТВ21 веќе објави дека зголемени се цените на маските и дека нема доволно во аптеките.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Нема маски во аптеките, потрошени се – дефицит и од дезинфекциони средства со алкохол
- Италија: Кривични пријави за продавање маски по енормни цени
Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи до наредната седница да достави информација како се спроведуваат мерките што ги одреди Кризниот штаб.
