Нема маски и дезинфекциони средства во аптеките кои ги посети екипата на ТВ21. Аптекарите немаат информации кога ќе пристигнат маските и дезинфекционите средства.
„Иако во Македонија нема ниту едно заразено лице од корона ирус, во аптеките нема маски ниту дезинфекциони средства со алкохол. МЗ излезе со препораки за заштита и лична хигиена со дезинфекциони средства кои содржат алкохол“, вели репортерката на ТВ21.
Министерот за здравство, Венко Филипче за дезинфекционите средства во аптеките, рече дека вчера имало проблем но дека е интервенирано во Царинската управа. Тој додаде дека има недостиг од маски во целиот регион додека Министерството располага со доволно маски за медицинскиот персонал. Епидемиологот Љуљзиме Бајрами рече дека хируршките маски се добра превентивна мерка за близок контакт со заразени од корона вирус.
„Јас денеска прашав во една аптека, немаше маски. Да ви кажам право не знам зошто целата оваа паника, нема потреба. Хируршките маски се добра превенција од близок контакт со лице заразено со корона вирус“, додава Љуљзиме Бајрами, Епидемиолог .
Инаку на последниот состанок, Владата го задолжи МЗ итно да обезбеди доволна количина маски, ракавици, дезинфекциони средства и заштитни одела за институциите на системот на интегрирано менаџирање на границите со цел заштита на персоналот како и да обезбеди дезинфекциони средства и сапун за училиштата и градинките во земјава.
