Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш е длабоко загрижен за насилството меѓу герилците во Колумбија, поради што во вторникот повика на „итно прекинување на насилството врз цивилното население“, се вели во соопштението на неговиот портпарол Стефан Дужарик.
„Генералниот секретар на ОН го осудува убивањето на цивили, вклучително и поранешни борци кои го потпишаа мировниот договор во 2016 година, бранителите на човековите права и водачите на заедницата“, додаде тој.
Портпаролот, исто така, посочи дека Гутереш повикува на итен прекин на актите на насилство врз цивилното население, како и за непречен пристап до хуманитарна помош.
Колумбискиот претседател Густаво Петро прогласи вонредна состојба во понеделникот како одговор на судирите меѓу герилците во кои за помалку од една недела придонесоа за повеќе од 100 мртви и 20.000 раселени.
