Вонредно интернет гласање: Европскиот Парламент поддржа три мерки во борба против коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот парламент на вонредно интернет гласање поддржа три мерки кои Европската комисија и Советот на ЕУ ги предложиле со цел борба против коронавирусот и ублажување на друштвено економските последици од пандемијата.

Речиси сите 688 парламентарци кои гласаа за финансиска помош на земјите-членки и земјите во процесот на пристапување преку промена во рамките на Фондот за солидарност на ЕУ.

Беше дадено „зелено светло“ на Иницијативата за инвестиции Ковид-19, која предвидува мерки за мобилизирање на ресурсите потребни за здравствените системи на земјите-членки и другите сектори на нивните економии како одговор на пандемијата.

На гласањето на ЕП беа донесени мерки за да им се помогне на авиокомпаниите кои се соочуваат со проблеми, како резултат на воведените мерки за сузбивање на вирусот корона.

Во однос на финансиската помош на земјите-членки и земјите во процесот на пристапни преговори кои се сериозно погодени од вонредната состојба во јавното здравство, донесена е иницијатива на Европската комисија за проширување на рамките на Фондот за солидарност на ЕУ во случај на природни катастрофи на ситуации кои го загрозуваат јавното здравје.

Ова значи дека во иднина, парите на овој Фонд ќе можат да се искористат за спроведување на мерки за „брз одговор“, вклучително и медицинска помош на ранливото население и заштита на граѓаните од зараза, спроведување на мерки за превенција, следење и ублажување.

Втората мерка донесена е т.н. Иницијатива за инвестиции Ковид-19, предвидува мобилизирање на 37 милијарди евра потребни за здравствените системи на земјите-членки и од другите сектори на нивните економии како одговор на пандемијата.

Поддржани се и мерки за помош на авиокомпаниите кои, поради кризата Ковид-19, не успеваат да извршат барем 80 проценти од договорените летови, и може да ги изгубат претходно одредените датуми на поаѓање и слетување.

Поради ова, авиокомпаниите се принудени да вршат голем број „летови на духови“, односно летови без патници, што има негативно влијание врз животната средина, како и на трошоците на компаниите.