Овде кај пластичарска улица во Скопје вчера околу 23:40 часот, како што извести МВР, имаше вооружена престрелка каде беше убиен А.И.(29) и има двјца повредени О.Б. (19) и А.Т. (24).
Од штетите на овој автомобил може да се види дека имало многу истрели. Уништено стакло и патики се на местото на инцидентот. Неколку жители кои живеат во близина се собраа на местото на настанот за да видат што се случило. Откако тројцата млади лица биле пренесени во болница, беше објавено дека еден од нив, Амар Исмани им подлегнал на повредите.
29-годишното момче за жал почина, додека кај 18-годишното момче беа констатирани одредени повреди, но беше свесен и веднаш извршивме хируршка интервенција, при што куршумот беше отстранет од десната страна на градниот кош и се санирани повредите, дел белодробно крило, а имаше повреди и во делот на стомакот. Кај црниот дроб, во санирањето на оваа повреда интервенираа и колеги од абдоминална хирургија како и за куршумот во десната нога, колеги од трауматологија го отстранија куршумот и ги санираа раните и ја фиксираа коската.
Едно од повредените лица, 24 годишниот Т.А е во стабилна здравствена состојба по операцијата што беше направена во пределот на ‘рбетниот мозок. За ова извести директорот на Градската болница „Свети Наум Охридски“, Љубен Арсенков.
-Синоќа околу полноќ во нашата клиника е примен пациент поради повреда од огнено оружје. Повредата е во градниот дел на рбетниот столб. Веднаш по приемот е опериран и сега е стабилен, вели Љубен Арсенков.
Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека вчера вечерта извршиле увид кај Пластичарската улица и заедно со МВР работат на фаќање на сторителите.
