Вооружени напаѓачи убиле најмалку 100 лица во Нигерија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 100 лица беа убиени во напад на вооружени напаѓачи врз селото Јелевата во државата Бенуе во централна Нигерија, соопшти Амнести Интернешнл Нигерија (AIN).

Нападот траел од петокот навечер до раните утрински часови во саботата, според соопштението на AIN објавено на платформата X, пренесува Ројтерс.

„Голем број луѓе сè уште се водат како исчезнати. Десетици се повредени и останаа без соодветна медицинска нега. Многу семејства беа заклучени и живи изгорени во своите спални соби“, објави AIN.