Возач загина и повеќе од 30 повредени во тешка сообраќајка во Србија (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Едно лице загина, а повеќе од 30 се повредени во судар на автомобил и автобус во близината на Мал Пожаревац во Србија, јавува РТС.

Загина возачот на автомобилот, а четворица од повредените се во тешка состојба. Несреќата се случила утрово во 5:40 часот на прилазниот пат од Младеновац кој води кон автопатот.

Автобусот кој се судрил бил дел од јавното сообраќајно претпријатие. На лице место стигнале три екипи на итната медицинска помош.