Најмалку 33 лица беа убиени, а 36 повредени денеска во воздушен напад на војската на Мјанмар во градот Кјактав, во државата Ракхин, наведе бунтовничката „Армија Аракан“, која ја контролира областа.
„Армија Аракан“ соопшти дека најновиот воздушен напад е еден од најсмртоносните инциденти од ваков вид во Ракхин откако во воздушен напад врз болница на западот од земјата минатиот декември загинаа најмалку 30 лица, објавија британските медиуми.
Бројот на жртвите го потврди и хуманитарен работник на организацијата Ваи Хун Аунг, чиј тим работи во областа.
Владата на Мјанмар претходно објави дека практикува максимална воздржаност и се обидува да не им наштети на цивилите.
Во 2021 година, во Мјанмар беше изведен државен удар, што предизвика граѓанска војна, при што бројни вооружени групи се борат против војската на Мјанмар на повеќе фронтови.
