Возете внимателно!Сообраќајот на патиштата низ државата по влажни коловози

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива по влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.