Возило удрило во тротинет, повредени две малолетнички кои заедно се возеле на тротинетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 01.08.2021 во 22.30 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Никола Карев“, ул.„Самоилова“ и ул.„Максут Садик“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мицубиши“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Р.(25) од Скопје и електричен тротинет „нунебот“, управуван од малолетничка од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од тротинетот, а со телесни повреди се здобила малолетничката што го управувала тротинетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.