Вознемирувачко видео: Камера го снимила моментот кога падна настрешницата на железничката станица во Нови Сад, бројката на загинати се искачи на три лица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во уривањето на настрешницата на стариот дел на железничката станица во Нови Сад има жртви. Несреќата се случила околу 12 часот.

На снимката од камерите се гледа дека граѓаните мирно седат и чекаат превоз, кога старата настрешница која датира од 1964 година и која се уште не е реновирана, а која била планирана за реконструкција, во миг се урна!

Екипи на Брза помош и полиција, како што неофицијално дознаваме, повредените кои успеале да ги извлечат од под урнатините влегле во холот на железничката станица и им се укажува помош.

Во меѓувреме „Новости“ објави дека бројката на лица кои загинаа се искачи на три, откако претходно беше објавено за едно загинато лице.

Од Итната помош велат дека во моментов не можат да зборуваат за бројот на повредени и за степенот на повредите, бидејќи интервенциите се во тек. Екипата на РТВ е пред Ургентниот центар каде повредените се пренесени во тешка состојба. На секои пет минути пристигнува брза помош со повредени, јавува репортерот на РТВ.

На терен се полицијата и припадници на Жандармеријата.

Седум возила на брза помош се на местото на несреќата, додека противпожарните екипи се обидуваат да стигнат до луѓето под урнатините.