ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Пукано кон една жена во Вашингтон – во критична состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една жена е во критична состојба откако била застрелана во градите во областа Капитол, пренесува CNN.

Во моментов нема повеќе детали за пукањето.

Претходно, неколку медиуми објавија дека имало пукање во зградата на Капитол.

Десетици приврзаници на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп упаднаа во зградата на Конгресот.

Агенциите јавуваат дека членовите на Конгресот на САД биле евакуирани од зградата.