Се појави аудио снимка од пукањето, снимена од еден од учениците.
На аудио снимката објавена на ТВ Прва, а која ја снимил еден од учениците во училиштето во Врачар каде се случи масакрот, може да се слушне како пукал Коста.
Следуваше првиот удар, мала пауза, па вториот, а потоа како рафал Коста почна да пука без престан со минимални паузи.
Во еден момент се слушаат детски врисоци.
Потоа истрелите престануваат и почнуваат повторно неколку секунди подоцна.
Аудио снимката е вознемирувачка и го прикажува вистинскиот хорор што го доживеале децата кои случајно се нашле во училиштето за време на ова злосторство.
