На социјалните мрежи кружи една многу интересна мапа во која можеме да ја видиме просечната брзина на возовите во Европа.
Иако се работи за неофицијална мапа со податоци, сепак интересно е да се види кој и колку брзо ќе пристигне на дестинацијата со воз.
На оваа мапа, Македонија е во „лошо друштво“ со просечна брзина од 53,1 км/ч, додека пак полоша од нас е само Албанија со 27,6 км/ч.
Регионот околу нас се движи нешто побрзо, а убедливо најдобра, од земјите од поранешна Југославија е Словенија со солидни 71,9 км/ч. Во нешто подобра состојба е Хрватска со просечна брзина од 58,2 км/ч
Во БиХ просечната брзина на возот е 54,5 км/ч, а по нив следува и соседна Србија (54,3 км/ч).
Најбрзите возови сообраќаат во Шпанија со рекордни 199,4 км/ч и Франција, која може да се пофали со просечна брзина од 195,9 км/ч. На Италија и оди изненадувачки добро со 169,9 км/ч, а Германците дишат во врат со не баш идеални, но сосема задоволителни 141,6 км/ч.
Ако нешто може да не утеши, тоа е дефинитивно фактот дека ако веќе доцниме и одиме полека, барем можеме, за разлика од зафатените Французи и Италијанци, да уживаме во погледот на прекрасниот пејзаж на нашата земја подолго време од нашите возови.
Average speed of trains in Europe pic.twitter.com/y7yy3PmPCs
— Amazing Maps (@amazingmap) June 3, 2024
