Вработен во казино во Брвеница осомничен дека од касата зел над 48 илјади денари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во полицијата во Тетово е пријавен случај на сомнение за проневера на пари.

Според полициското соопштение, на 3 ноември 2026 година, во 13:00 часот, во СВР Тетово случајот го пријавил Д.А. (45) од Скопје, овластено лице на правно лице – казино.

Тој пријавил дека во селото Брвеница, вработениот А.Д. (30) од Тетово, наводно, зел 48.540 денари од касата на казиното.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.