Вработена во поликлиниката Чаир заразена со Ковид-19 – изолирани сите кои имале контакт со неа, објектот дезинфициран

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработена во Поликлиниката Чаир заразена со коронавирус, информираше директорот Бесим Кока. Како што вели, идентификувани се сите лица кои имале контакт со вработената и сите се во домашна изолација. Освен неа, во рамките на Здравствен дом Скопје, се дијагностицирани уште тројца други вработени. Сите се во изолација, а сите поликлиники, вклучувајќи ја и Брзата помош се целосно дезинфицирани.  

„По ова, веднаш е направена дезинфекција на делот каде што се наоѓало лицето, како и целата Поликлиника Чаир. Изолирани се сите кои имале контакт со неа. Заразеното лице е телефонистка, а нејзината канцеларија се наоѓа на влезот на Поликлиниката и таа нема контакт со пациенти, но и да има, таа има шалтер и нема директен контакт со пациентите“, истакна Бесим Кока.

Од другите тројца заразени, едната е медицинска сестра од Службата за домашна посета, која се заразила при посета кај бизнисмен во момент кога му приклучувала инфуција, кој пак, не известил дека бил надвор Итната медицинска помош, а третата пак е телефонистка во Поликлиниката во Ченто, која се заразила во тек на изолација од нејзината сестра. Директорот на Поликлиниката Чаир, ги повикува граѓаните доколку немаат реална потреба, да не ги посетуваат поликлиниките и здравствените домови.  

„Граѓаните доколку немаат потреба за лекар, затоа што на пример во некои специјалистички простории имаме закажани термини во кои дел од граѓаните не доаѓаат, кога другиот дел е тука. Би ве замолил доколку немате нужна потреба, би било добро да се откаже терминот и да не доаѓаат, но ако мораат, ние сме тука“, додава Кока.

Кока додава дека во моментов нема потреба од затворање на некоја од поликлиниките, но доколку е неопходно можно е да затворат привремено.