Поблиску до граѓаните за да јакне довербата во полицијата, оваа година на поразличен начин ќе се одбележи Денот на полицијата, рече министерот Оливер Спасовски во Струмица.
„Еден од клучните приоритети на раководството на МВР беше добро да бидеме поставени на стратешко ниво за да ја подигнеме безбедноста и затоа денеска ги имаме најдобрите резултати во последните 30 години во многу сегменти од министерсвото, пред се организираниот криминал и корупција, недозволената трговија и шверц со дрога и оружје, во делот на безбедноста во сообраќајот и борбата против корупцијата и ова е мотив за сите нас да продолжиме уште попосветено во оваа работа“, вели Оливер Спасовски.
За вакви резултати морате да имате мотивирани полицајци- изјави Спасовски. Но, со ова не се согласува Претседателот на независниот синдикат на полицијата. На штрајкот на вработените во матичните служби, размислуваат да им се приклучат и вработените во МВР во управните служби со што ќе престанат да фотографираат за пасоши и лични карти. Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Делчев вели дека условите на безбедносните сили во земјава го допреле дното.
„Во МВР се уште има вработени во управни служби кои имаат 20, 21, 22 000 денари плата. Ова е можеби несериозно што го кажувам пред јавноста, ќе ме обвинат на социјаланите мрежи , бидејќи граѓаните не се запознати со вистинслата состојба, со одредени износи на плати кои ги имаат вработените во полицијата“, вели Гоце Делчев.
Делчев најави дека на утрешниот протест на ССМ ќе им се приклучат и вработените во полицијата.
