Вработените на МАНУ повторно штрајкуваат: Не е исполнето нивното барање за покачување на платите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените во МАНУ повторно го активизираа штрајкот, поради неисполнување на нивното барање за покачување на платите. Иако вакво ветување им беше дадено на почетокот на годината, од синдикатот на УПОЗ велат дека досега не е ништо спомнато. Штрајкот ќе трае до исполнувањето на нивното барање, вели Претседателот на овој Синдикат, Трпе Дејановски.

Благој Грујиќ, претседател на Синдикатот на МАНУ вели дека бараат покачување на платите бидејќи долго време не добиле покачување.

Меѓутоа како што известија, вработените на МАНУ ќе штрајкуваат во текот на работното време, ќе работи само Архивата за прием на поштенски пратки, а другите вработени нема да вршат работни задачи.