Вработените на УЈП бараат покачување на платите за 30%, по протестот најавуваат и генерален штрајк

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вработените на УЈП се закануваат со генерален штрајк. Велат дека ќе прекинат со работа доколку не добијат покачување на платите од 30 отсто. Првично тие незадоволството го изразија преку протест пред Министерството на финансии, поради тоа што министерот Фатмир Бесими, според нив, не прифатил да го потпише новиот колективен договор со кој се овозможува зголемување на платите.

Тие побараа средба со министерот Бесими и објаснување зошто не дал зелено светло за колективниот договор, и не добиле официјален став

Иако и ТВ21 побара став од министерот за финансии, не добивме одговор.
За 14 години платите на вработените во УЈП се коригирани само 5%, а во последните 4 години воопшто. Според синдикалната организација при УЈП, во новиот Колективен договор е утврдено дека зголемувањето на платите е легитимно и врз основа на одредбите од член 66 од Законот за Буџет, потврдени се и во Собрани, давајќи автентично толкување.